Реал Мадрид – Манчестер Сити 1:0 по првото полувреме од првиот полуфинален меч во ЛШ кој вечерва се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. И тоа со спектакуларниот гол на Винициус во 35.минута со што донесе еуфорија кај своите соиграчи и фановите на “кралевите“.
Спектакл, тоа и се очекуваше. Сити го имаше поседот, иницијативата, имаше и неколку закани, но Реал е Реал.
Од една шанса, еден удар и водство од 1:0. Модриќ па Камавинга, а сето тоа го зачини Вини со гол за 1:0.
GOLAZO VINICIUS JR#RMAMCI pic.twitter.com/T4RJKQeeis
— 101 Great Goals (@101greatgoals) May 9, 2023