На репрезентацијата на Македонија генерација 2005 и претстои дуел со соседна Србија, а на списокот на селекторот Тони Јакимоски, се два новитети кои на нашата јавност до сега не и се познати.
Се работи за членот на кадетската екипа на српски Вождовац, Андрија Димески кој настапува на позицијата стопер или пак десен бек. Тој ја започнал својата кариера во Црвена Звезда, а потоа се преселил во помалиот клуб од Белград, каде што во својата генерација ја има улогата на капитен.
Со него заедно пристигнува и Матеј Момчиловски кој во моментов е дел од младинскиот погон на тимот на Ријека од Хрватска. Се работи за офанзивец.
И обајцата имаат потенцијал кој треба да го потврдат во националниот дрес, и оваа покана да ја преточат во стандардна минутажа.