„Комити“ ги повикaa „Чкембари“ на дербито

1701

НЕ ЗА ФУДБАЛ БЕЗ НАВИВАЧИ!“ е пораката која ја испрати навивачката група „Комити“ во пресрет на дербито на Македонија помеѓу Вардар и Пелистер кое треба да се одигра денеска од 17:00 часот во рамките на ВМФЛ.
Од МВР забранија гостински навивачи на мечот кој ќе се одигра во Маџари , а „Комити“ ги повикаа навивачите на Пелистер да дојдат на стадионот и гарантираат дека ќе бидат безбедни на трибините.

Одлуката која МВР ја наметна, со цел забрана за гостински навивачи, за денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, не ја признаваме!

Упатуваме апел до навивачката група “Чкембари Битола”, денес да дојдат на стадионот во Маџари. Ние сме гаранција дека безбедно ќе влезете и ќе го напуштите стадионот. Борбата за достоинството на навивачот е наша заедничка и примарна борба. Ве очекуваме!

НЕ ЗА ФУДБАЛ БЕЗ НАВИВАЧИ!“, стои во соопштението на „Комити“.

 

ПретходноПосле 11 години испаднаа од Серија А, можат да се преселат и во Серија Д!
СледноНезапирливите „граѓани“ го уриваат и европскиот првак?