На редовното Собрание, МОК го промовира проектот „Златен денар за златен медал на македонските спортисти“

108

Синоќа, во хотел “ЛИМАК” се одржа редовното Собрание на МОК. На почетокот  претседателот на МОК, Даниел Димевски му врачи Златна плакета на МОК на Шабан Сејдиу, Олимписки великан, носител на два бронзени медали и учесник на 4 (четири) летни Олимписки игри.

По ова се пријде кон избор на работните тела и се усвои записникот од минатото собрание, дневниот ред на Собранието како и извештаите за работа, финансискиот и ревизорскиот извештај, извештајот за финансиска контрола од УЈП и од страна на ИОК, како и извештаите од Комисиите.

Претседателот на МОК, Димевски даде информација за новите партнери на МОК, а тоа се ЛИМАК ХОЛДИНГ и шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА, кои ќе ги поддржат  најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на Европските игри Краков 2023, зимските младински олимписки игри Гангвон 2024 како и летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024.

Претседателот на МОК даде информација и за блиската комуникација со претседателите на Меѓународните спортски федерации од кои е побарана помош за македонските Национални спортски федерации. На Собранието беше даден извештај за Европските игри Краков 2023, летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024, за новата веб страна на МОК како и новиот проект на МОК, ЗЛАТЕН ДЕНАР ЗА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ.

Во одбрана на Олимпизмот и спортот, Димевски истакна дека секогаш ќе ги брани интересите на МОК и на Националните спортски федерации како највисоки Олимписки и спортски невладини институции кои го водат македонскиот спорт, дека ќе ја брани тешката и макотрпна работа на МОК и на Националните спортски федерации и истите ќе ги штити од секакви бескрупулозни и лажни напади во однос на позитивните активности, како што е, пред се, ваучерскиот систем.

На крајот, имајќи во предвид дека следното Собрание е изборно, беа избрани и членови на Изборната кандидациона комисија на МОК.

Како нов член на Собранието на МОК, врз основа на замена, беше избран Кочо Димитровски, спортска и фудбалска легенда на македонскиот спорт, а како нов член на МОК е примена и Македонската Федерација за дигање тегови, како федерација чиј спорт е на листата на Олимписките игри Париз 2024 и е член на Меѓународната федерација за дигање тегови.

ПретходноРоналдо оттурна противнички тренер кој сакаше да направи селфи (ВИДЕО)
СледноНеизвесноста ќе потрае – осум шахисти во игра за титулата!