НБА го казни Јокиќ поради физичка пресметка со сопственикот на Санс!

1118

НБА го казни Никола Јокиќ за инцидент во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на плејофот во Западната конференција на Денвер против Феникс. Во втората четвртина од тој натпревар, српскиот центар влезе во кратка физичка пресметка со сопственикот на Санс, Мет Ишбија. Иако се споменуваше можноста Јокиќ да го пропушти и петтиот натпревар од серијата, тоа нема да се случи.

Непосредно пред крајот на првото полувреме, Јокиќ сакаше да ја забрза играта, се приближи до аут-линијата и се обиде да му ја одземе топката на навивачот кој не сакаше да му ја врати. Српскиот центар се обиде на сила да му ја земе, па малку и го закачи со лактот. Сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија, падна како „покосен“, а Јокиќ доби техничка грешка.

НБА казни само финансиски еден од најдобрите кошаркари на денешницата, во износ од 25.000 долари. Јокиќ ќе има право на настап во петтиот меч од серијата. Моментално е изедначено на 2:2.

ПретходноШампионот пред елиминација, Леброн и Дејвис го имаат лекот за Голден стејт (ВИДЕО)
СледноПонудата од 400 милиони евра е тргната, Саудијците му нудат „болна“ цифра на Меси