Незапирливите „граѓани“ го уриваат и европскиот првак?

574

Реал Мадрид против Манчестер Сити, првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите го врти вниманието на светската јавност. Најтрофејниот и најискусниот европски клуб против залетаните и пребогати „граѓани“ кои се цврсто решени да станат европски шампиони ќе ги одмерат силите на „Сантијаго Бернабеу“ (вечерва со почеток од 21:00 часот).

Овие два притивника се соочија еден против друг минатата сезона во полуфиналето. Тоа беше трилер меч од кој победник излезе Реал. Сити победи на првиот меч со 4:3 па поведе на реваншот во Мадрид и кога се чинеше дека „граѓаните“ ќе стигнат до финалето следеше контра удар, Родриго со два гола и еден на Бензема „Кралевите“ победија со 3:1 и отидоа во финалето.

„Кралевите“ предводени од Карло Анчелоти доаѓаат на овој меч осоколени по триумфот во финалето на Купот. Во меѓувреме Сити е во фантастична серија, не се поразени на 20 натпревари по ред во сите натпреварувања (17 победи) . „Граѓаните“ се во пол-позиција за титулата во Премиер лигата, а она што е најважно е што повеќе го посакуваат европскиот трофеј.

Анчелоти изјави дека Сити делува незапирливо, меѓутоа верува дека неговиот тим ќе има свои шанси и ќе успее да оддолее на ѕвездите на противникот. Исто така посочи дека не планира чувари на играчите на Сити, посебно за Халанд и Де Брујне кои се најопасните во составот на Гвардиола.

Реал ќе го нема да располагање Едер Милитао поради суспензија и Ферлан Менди поради повреда. Сити нема да може да смета на Натан Аке поради повреда.

ИНТЕРЕСНО
РЕАЛ МАДРИД нема примено гол во ЛШ веќе 346 минути.

На сите досегашни меѓусебни средби меѓу Сити и Реал имало голови освен на мечот во април 2016 година.

Од осумте меѓусебни дуели во ЛШ два пати немало ГГ (двата тима даваат гол), споменатиот меч во 2016 година и во мај истата година кога Реал победил со 1:0.

 

МОЖНИ СОСТАВИ

РЕАЛ МАДРИД (4-3-3): КУРТОА – КАРВАХАЛ, РИДИГЕР, АЛАБА, КАМАНВИНГА – ВАЛВЕРДЕ, КРОС, МОДРИЌ – РОДРИГО, БЕНЗЕМА, ВИНИСИУС

МАНЧЕСТЕР СИТИ (3-4-2-1): ЕДЕРСОН – ВОКЕР, ДИАС, АКАНЏИ – СИЛВА, СТОУНС, РОДРИ, ГРИЛИШ – ДЕ БРУЈН, ГУНДОГАН – ХАЛАНД

Претходно„Комити“ ги повикaa „Чкембари“ на дербито
СледноЛШ: Струга ТЛ од УЕФА ќе „лапне“ најмалку милион евра, а можни ривали во 1.квалификациско коло се Ференцварош, Астана, Хелсинки, Флора, Њу Саинтс, Олимпија…