Познати се сите екипи во ПМФЛ за следната сезона, за тоа едно место во “игра“ се А. Пандев, Скопје и Вардар!

2814

Откако денеска и Гостивар и официјално стави печат на пласманот во Првата лига за наредната 2023/24 сезона, или сезона бр.32 во самостојна Македонија, сега се единаесет екипи кои ќе играат во елитата. А за тоа едно место во “игра“ се А.Пандев или Скопје, ќе дознаеме по утрешното или неделнот последно коло која од овие две екипи ќе игра бараж со Вардар, кој заврши како трет во Втората лига.

Па така ова се екипите кои следната сезона ќе играат во нашата елитна лига:

Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Силекс, Брегалница, Македонија ЃП, Тиквеш, Работнички, Воска Спорт и Гостивар. А. Пандев и Скопје, едната од овие ќе се избори за директен опстанок а другата преку бараж со Вардар ќе се надева дека и следната сезона ќе игра во ПМФЛ.

ПретходноПолитиката им го уништи пријателството: Светските шампиони од 1994, денеска се лути непријатели
Следно“Експлозија“ на “Бернабеу“: Виниииициус…за водство на “кралевите“! (ВИДЕО)