По бод за “вечните“ во “Дербито на Македонија“: Вардар стави печат на баражот за ПМФЛ!

806

Попладнево на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, во дербито на вечните ривали, Вардар и Пелистер одиграа без победник 1:1. Со овој бод вардарци и дефинитивно ставија печат на пласманот во баражот за Прва лига.

Убаво дерби, можеби не толку квалитетно, но сепак со неколку шанси и добри акции, сепак Вардар не само што имаше водство, туку имаше и повеќе шанси и може да жали што не победи на овој меч.

Да кажеме дека стрелци беа Десниќ за Вардар во првиот дел и Маневски од пенал во второто полувреме.

Пелистер многу подобро го отвори ова дерби. Па така уште во 5.минута Благоја Љамчевски се закани, тоа беше добар шут, но голманот на домашните Гачевски ефектно одбрани. Десет минути подоцна битолчани исто така се заканија, Спиркоски шутираше, но Гачевски повторно одбрани.

И така беше се до 30.минута кога Вардар и тоа како ја презеде иницијатива. Во 36.минута имаше и зицер преку Митев, но сега голманот на гостите Јовчевски фантстично одбрани. Три минути подоцна Вардар имаше нова шанса, но Дезниќ и Јаневски не се снајдоа најдобро пред голот на Пелистер.

И тогаш, во таа 41.минута, Десниќ со прекрасен шут носи водство на Вардар од 1:0. Резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел гостите како да почнаа поактивно, но тоа не беше којзнае каква иницијатива. Сепак во 53.минута резултатот беше израмнет. Спиркоски беше фаулиран во домашниот шеснаесетник, и тоа беше пенал, а Маневски беше сигурен пеналџија за 1:1.

По тој гол Врадар тргна подобро, имаше и две колосални шанси, но немаше гол и ново водство на домашниот состав.

Во 78.минута Вардар пак со шанса, Размоски шутираше, но за малку непрецизно, односно таа топка беше блокирана и отиде во корнер.

На крајот и двете екипи мораа да се задоволат со реми, по бод кој за Пелистер значи дека и дефинитивно нема сигурно да ја види Првата лига следната сезона, а Вардар својата шанса ќе ја бара низ баражот.

ПретходноСе огласи таткото на Меси: Нема никаков договор со клуб од С. Арабија
СледноВМФЛ: Прволигашка промоција на Гостивар со стил, Тетекс го победи Кожув, победи и Саса…