Прва недела под палката на Јошко: Одбојкарите без „контроли“ пред „Златната лига“ (ВИДЕО)

186

Македонските одбојкарски репрезентации со засилено темпо го одработуваат првиот микро-циклус од подготовките пред стартот на Златната и Сребрената лига. Машката сениорска репрезентација под водство на повратникот на селекторското место, Јошко Миленкоски, во Маврово одбработува по два тренинга дневно подготвувајќи се за премиерните дуели од Европската Златна лига која почнува на 27 мај со меч против Украина во полскиот град Лоѓ.

Селекторот дециден дека засега се оди според планот, иако нема да има ништо од најавените контролни средби со Романија, која не може да ни спарингува во овој период, но затоа ќе дојде во Скопје на контроли средби пред најважниот настан пред нашата одбојкарска репрезентација, Европското првенство 2023.

„Засега се е според планираното. Работиме по двапати дневно, се запознаваме и јас со одбојкарите и тие со мене и со мојата работа. Засега се функционира како што треба. До петок остануваме во Маврово, па потоа се враќаме во Скопје каде продолжуваме со исто темпо до првиот меч“, вели Миленкоски.

 

Здравствениот билтен во репрезентацијата е поволен и селекторот и играчите се надеваат дека комплетни ќе ги дочекаме дуелите од Златната Лига. Покрај воведниот меч со Украина на гости на 27 мај, Македонија ја очекуваат и пресметките со Белгија на 31 мај на домашен терен, со Хрватска во Скопје на 3 јуни, на 10 јуни и гостуваме на Белгија, а потоа следува гостување во Хрватска на 14 јуни и меч со Украина дома на 18 јуни за крај на првата фаза. Хрватска како домаќин на Ф4 турнирот е сигурен учесник, а ние со Белгија и Украина ќе се бориме за единственото место од групата кое води на завршниот турнир.

ПретходноГо освоија Купот во 2019, играа со „Пандевци“ во Европа, а сега се пред колапс
СледноВалверде и Модриќ се уште се повредени, но вечерва ќе играат затоа што Анчелоти инсистира