Примил мито за да добие картони – клубот го откри и го отпушти, а полицијата покрена истрага

470

Фудбалерот на Сантос, Едуардо Баерман се најде во скандал откако е откриено дека примил мито за да добие картони на натпреварите, а во корист на лице кои заработувале преку обложување. Бразилскиот магазин „Веха“ откри дека дефанзивецот на славниот бразилски клуб прифатил 9000 евра за да добие жолт картон на натпревар. Меѓутоа, на мечот против Аваи, пробал на сите начини но судијата не му покажал картон.

Лицето од кое Баерман примил мито било бесно, меѓутоа фудбалерот ветил дека ќе се „извади“ со тоа што на наредниот меч против Ботафого ќе добие црвен картон. Тоа се случило, меѓутоа црвениот картон го добил по завршување на натпреварот, а обложувалницата не го прифатила црвениот картон па и од вториот обид не го исполнил ветувањето.

Баерман ветил дека ќе ги врати парите кои ги добил, а  меѓувреме полицијата го откри и покрена истрага. Се појави и транскрипт на разговорот меѓу фудбалерот и лицето кое му дало мито.

„Гледај каква глупост направи. Уште еднаш не го направи тоа што се договоривме. Зошто не го направи тоа во првото полувреме? Го удри со лактот, но не доволно. Не ме слушаш! Пак ме зафркна. Мора ова да го исправиш. Ти верував, а ти ме посрамоти“.

„Не дека не сакав да го направам. Да не сакав немаше да го направам тоа по завршувањето на мечот. Не сакам да се правдам сега…“.

„Зошто не го удри за време на мечот. Ти реков да го направиш тоа“.

„Ти ветувам, ќе ти ги вратам парите. Се е тука, ништо немам потрошено“.

„Ќе се видиме. Се да ми вратиш“.

 

ПретходноЛШ: Струга ТЛ од УЕФА ќе „лапне“ најмалку милион евра, а можни ривали во 1.квалификациско коло се Ференцварош, Астана, Хелсинки, Флора, Њу Саинтс, Олимпија…
СледноОпштина „Кисела Вода“ ја презеде салата „Расадник“ и ќе ја реконструира