Се огласи таткото на Меси: Нема никаков договор со клуб од С. Арабија

125

Таткото на ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси, Хорхе Меси негира дека неговиот син потпишал договор со клуб од Саудиска Арабија за трансфер следната сезона.

„Нема никаков договор, ниту сме потпишале нешто“, вели таткото на Меси.

Со оваа изјава тој ја отфрла информацијата која денеска ја пренесе „Франс Прес“ дека Лионел Меси се согласил на договор со клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Француската новинска агенција ја пренесе информацијата за иднината на Меси, но според таткото на Аргентинецот, во приказната воопшто нема вистина.

„Нема договор со ниту еден клуб во однос на следната сезона. Ќе донесеме одлука само кога ќе заврши сезоната. Можам да ве уверам дека нема да се склучи договор или нешто да се потпише пред да заврши тековната сезона. Ова се лажни вести каде се користи името на Лео“, вели Хорхе Меси.

ПретходноИм донесе европски трофеј по 42 години, а тие ќе го менуваат
СледноПо бод за “вечните“ во “Дербито на Македонија“: Вардар стави печат на баражот за ПМФЛ!