Џака си оди од Арсенaл и се сели на „Бај арена“?

1301

Швајцарскиот репрезентативец  Гранит Џака ќе го напушти Арсенал во летниот преоден рок и кариерата може да ја продолжи во германската Бундес лига. Интерес за неговите услуги покажа Баер Леверкузен, пренесува англиски „Мирор“.

Арсенал е спремен да го продаде 30-годишниот играч за врска кој има договор до 2024 година и за него ќе добие околу 10 милиони евра.

Инаку Џака дојде во Арсенал во 2016 година од Бундес лигата. Во Германија играше за Борусија Менхенгладбах која доби 35 милиони фунти за продажбата во Арсенал.

За Арсенал досега одигра вкупно 294 натпревари.

ПретходноВМФЛ: Прволигашка промоција на Гостивар со стил, Тетекс го победи Кожув, победи и Саса…
СледноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Анчелоти и Пеп тргнуваат со најдоброто