Еден Азар – уште една сезона во Реал и потоа пензија?

188
Real Madrid Training and press conference, PK, Pressekonferenz - Celtic Park Real Madrid s Eden Hazard centre during a training session at Celtic Park, Glasgow. Picture date: Monday September 5, 2022. EDITORIAL USE ONLY No use with unauthorised audio, video, data, fixture lists, club/league logos or live services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications. PUBLICATIONxNOTxINxUKxIRL Copyright: xRobertxPerryx 68649830

Белгискиот крилен напаѓач Еден Азар ќе остане во Реал Мадрид уште една сезона додека му трае договорот со „Кралевите“, а потоа ќе замине во пензија, пренесува шпански „Релево“. Азар нема намера да оди во друг клуб, туку ќе чека на идното лето да му заврши договорот со Реал и потоа ќе ги закачи копачките на клинец.

А на Реал тоа не му одговара затоа што треба да му даде 30 милиони евра годишна плата на фудбалерот кој едвај игра (оваа сезона само девет натпревари). Планот на Реал е да го продаде што е можно побргу, меѓутоа засега никој не го сака фудбалерот кој повеќе не го интересира фудбал.

„Азар смета дека постигнал се што еден фудбалер може во кариерата. За него пензионирање во дресот на Реал, клубот за кој отсекогаш сакал да игра, е нешто што го мотивира“, наведува Релево.

Белгиецот дојде во Реал во 2019 година од Челзи за 115 милиони евра. Но тој стана најголемото промашување на клубот.

ПретходноУ-15: Македонија со триумф над Малта!
СледноИм донесе европски трофеј по 42 години, а тие ќе го менуваат