НБА го казни Никола Јокиќ за инцидент во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на плејофот во Западната конференција на Денвер против Феникс. Во втората четвртина од тој натпревар, српскиот центар влезе во кратка физичка пресметка со сопственикот на Санс, Мет Ишбија. Иако се споменуваше можноста Јокиќ да го пропушти и петтиот натпревар од серијата, тоа нема да се случи.
Непосредно пред крајот на првото полувреме, Јокиќ сакаше да ја забрза играта, се приближи до аут-линијата и се обиде да му ја одземе топката на навивачот кој не сакаше да му ја врати. Српскиот центар се обиде на сила да му ја земе, па малку и го закачи со лактот. Сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија, падна како „покосен“, а Јокиќ доби техничка грешка.
НБА казни само финансиски еден од најдобрите кошаркари на денешницата, во износ од 25.000 долари. Јокиќ ќе има право на настап во петтиот меч од серијата. Моментално е изедначено на 2:2.