Понудата од 400 милиони евра е тргната, Саудијците му нудат „болна“ цифра на Меси

16860

Лионел Меси го напушта ПСЖ на крајот од оваа сезона. Најдобриот светски фудбалер многу сака да се врати во Барселона, но каталонскиот клуб во моментов не е финансиски стабилен за да го доведе во своите редови.

Аргентинскиот волшебник ќе чека во Барса се додека има шанса да се врати дома, а додека чека, Ал Хилал и државата Саудиска Арабија решија да ја подобрат понудата од 400 милиони евра годишно. На Меси му понудија уште повеќе пари.

Според новинарот Санти Ауна, новата понуда изнесува неверојатни 600 милиони евра годишно. Тоа е најголемата понуда во историјата на спортот и навистина е неверојатно некој да е подготвен да понуди ваква бројка за фудбалер кој наскоро ќе наполни 36 години.

Меси наводно не е премногу заинтересиран да замине во Саудиска Арабија. Тој има одредени деловни врски со оваа земја, но сака да игра фудбал на врвно ниво уште неколку години.

Секако дека желбата е да се игра во Лигата на шампионите и да се носи дресот на Барселона. Со враќањето на „Камп Ноу“ би му се исполниле сите желби, но богатите шеици не штедат пари и со сите сили сакаат да го доведат во своите редови.

Понудата од 600 милиони евра е нешто што не се памети во светот на спортот, а што ќе одлучи чудесниот аргентински фудбалер останува да видиме.

Лео ќе донесе одлука за својата иднина на крајот од сезоната. Неговиот договор со ПСЖ истекува на 30 јуни и престојот во Париз нема да го памети баш најдобро, особено поради многу лошиот однос со навивачите на овој клуб кои често го навредуваа.

Ако се согласи на понудата на Ал Хилал, Меси би станал најплатениот спортист во историјата и би го надминал Кристијано Роналдо, кој моментално заработува 200 милиони евра годишно во тимот на Ал Наср.

ПретходноНБА го казни Јокиќ поради физичка пресметка со сопственикот на Санс!
СледноХасбула Магомедов заврши зад решетки!