Атанасијевиќ во Е. Пелистер до 2026 година

131

Е. Пелистер денеска потврди дека уште еден репрезентативец на Македонија потпиша нов договор со битолскиот клуб. 19-годишниот Петар Атанасијевиќ потпиша договор до јуни 2026 година и ќе продолжи со својот развој во лидерот на табелата и најверојатниот нов шампион.

„Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер“, велат од клубот.

„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, истакнал Атанасијевиќ по потпишувањето на новиот договор.

ПретходноЛазаров: Добивме екстремно тешка група!
СледноЃорческа во четвртфиналето во Загреб, Србљак поразен во Србија