Тоа го може само Никола Јокиќ и никој друг. Србинот утринава со својот Денвер успеа да слави над Феникс во петтата средба од 1/2 финалето на западот со 118:102. Па така сега тимот на Јокиќ води со 3:2 во серијата и е на добар пат да избори финале. Центарот на Денвер и овојпат беше најдобар, беше фантастичен со 29 поени, 13 скокови и 12 асистенции. Тој со овој скор урна уште еден рекорд. Имено ова за него беше десеттиот трипл-дабл во плеј-офот, нешто што досега ниту центар го нема направено. Овој рекорд се сметаше дека ќе биде вечен, оној на Вилт Чембрлен од пред пола век.
Во вториот меч утринава од разигрувањето во плеј – офот, Филаделфија го победи Бостон со 115:103 и сега исто така има водство од 3:2 во серијата. Ембид постигна 33 поени, Макси заврши со 30 а Харден со 17 поени кај победничкиот тим.
Jokic gets the triple-double in style!
Aaron Gordon slams it home 🔨
PHX/DEN Game 5 | 4Q on TNT pic.twitter.com/opunkoCKFd
— NBA (@NBA) May 10, 2023