Ете, и тоа го има во НБА. Имено утринава Никола Јокиќ одигра уште еден супер натшревар урна стар рекорд од пола век, и го донесе неговиот Денвер до 3:2 во полуфиналната серија протов Феникс. Но, за малку Србинот ќе иницираше тепачка.
Во третата четвртина од мечот, при резултат 86:69 за Денвер, тренерот и кошаркарите на Феникс имаа мини-тајмаут, односно договор како да се одигра една акција. Во тој момент до клупата на Санси дојде Јокиќ со намера да го прислушкува договор а на тоа следуваше жестока реакција на Кевин Дурент кој грубо го оттурна Јокиќ, за среќа Србинот не врати.