ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: „Нероаѕурите“ го торпедираа Милан за 11 минути (ВИДЕО)

207

Фантастично прво полувреме за Интер во големото миланско дерби во рамките на полуфиналето на Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ кој денеска ја имаат улогата на гости против месниот ривал, за само 11 минути на стартот на мечот постигнаа два гола и ги шокираа „росонерите“ кои уште десет минути подоцна можеа да примат уште еден до два гола.

Се играше во осмата минута кога беше изведен корнер, а Един Џеко со левата нога одлично го зафати волејот и погоди за предност на Интер од 0:1. Само три минути подоцна Мхитарјан ја затресе мрежата на Мањан и веќе беше 0:2 за „нероаѕурите“.

ПретходноМаркез викендов се враќа на МотоГП трките
СледноБелингем му кажа „ДА“ на Реал Мадрид