Ерлинг Халанд синоќа против Реал Мадрид го имаше веројатно најслабиот меч во дресот на Манчестер Сити. Едноставно ништо не направи, како тимот на Гвардиола да играше со играч помалку.
Но затоа Халанд сениор, односно таткото на Халанд, Алф-Инге Халанд имаше свое „шоу“ во ложата на “Сантијаго Бернабеу“ по што и беше исфрлен на почетокот на второто полувреме.
По довикувањата од страната на фановите на Реал, Алф-Инге веројатно со малку повеќе алкохол во себе, на непримерен начин се расправаше со нив. Имаше и покажување на “среден прст“ и други работи, едноставно скандалозно однесување од негова страна.