Евролига: Партизан „прокоцка“ Ф4, Монако испиша историја

490

Белградски Партизан испушти огромна шанса да направи сензација и да го елиминира Реал (М) во четвртфиналето на Евролигата. Избраниците на Жељко Обрадовиќ во „мајсторката“ во Мадрид вечерва имаа +16 на полувреме и на крајот дозволија да бидат поразени со 98:94, само поради очајната последна четвртина во која домашните успеаја да ја стопат комплетната предност на гостите и да си обезбедат место на Ф4 турнирот.

Откако Партизан доминираше во првиот дел, Реал по паузата успеа тактички да ја топи негативата. Во третиот период домашните надоместија 9 поени, а во последната четвртина комплетно го „потопија“ противникот. Партизан на 35 секунди до крајот доби шанса да израмни откако дојде на минус три (97:94), но Пантер не погоди тројка.

Џанан Муса и Серхио Родригез беа фантастични кај домашните, особено во вториот дел од мечот. Муса заврши со 20 поени и 6 скока, додека Родригез постигна 19. Кај Партизан, Пантер постигна 28 поени, но не го следеа останатите кои беа под нивото на задачата.

Претходно, кошаркарите на Монако се пласираа на Фајнл-фор турнирот откако на домашен терен го совладаа тимот на Макаби од Тел Авив со 97:86 во петтиот меч од серијата. Избраниците на српскиот стретег Саша Обрадовиќ со тоа го постигнаа најголемиот, историски успех во европските натпреварувања.

Херои на Монако беа Мајк Џејмс и Лојд со по 21 поен, а Хол и Монеке постигнаа по 10 поени.

ПретходноЛШ: Милан без идеја, Интер чекори кон финалето (ВИДЕО)
СледноШампионот ги преживеа Лејкерси, Дејвис ја напуштил салата во количка (ВИДЕО)