Ждрепка за ЕП 2024: Ракометарите денеска ќе дознаат против кого и каде ќе играат!

241

Македонската машка ракометна репрезентација денеска (17:45 часот) ќе ги добие противниците на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Ждрепката ќе се одржи во Меркур Арена во Дизелдорф, фудбалскиот стадион на кој во јануари ќе биде поставен нов рекорд на гледност во живо на ракометен натпревар (50.000 гледачи).

Македонија е сместена во третиот шешир заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Полска, Чешка и Србија. Ова значи дека ракометарите нема да играат против овие земји во првата фаза.

24 земји ќе бидат поделени во шест групи со по четири репрезентации, најдобрите две одат во главната рунда. Германија веќе е сместена во групата А, првиот меч ќе го игра во Дизелдорф, додека останатите се во Берлин. Хрватска е во групата Б која се игра во Манхајм, Исланд е во групата Ц во Минхен, Норвешка е сместена во групата Д во Берлин, додека пак бранителот Шведска ќе игра во групата Е во Манхајм и последната група Ф е резевирана за актуелниот светски првак Данска, истата се игра во Минхен.

Хамбург и Келн ќе бидат домаќини на мечевите од главната рунда. Во Ланксес Арена ќе се одигра финалниот викенд.

Европското првенство 2024 ќе се игра од 10 до 28 јануари.

Ждрепката директно ќе биде пренесувана на Арена Спорт 2 Премиум.

ШЕШИРИ ЗА ЕП 2024

1 ШЕШИР Франција (група А или Б), Шпанија (група А или Б), Исланд (група Ц), Норвешка (група Д), Шведска (група Е), Данска (група Ф)

2 ШЕШИР Германија (група А), Португалија, Австрија, Словенија, Холандија, Унгарија

3 ШЕШИР Хрватска (Група Б), Македонија, Србија, Полска, Чешка, БиХ

4 ШЕШИР Црна Гора, Швајцарија, Романија, Грција, Ф. Острови, Грузија

ПретходноШампионски насмевки во Струга ТЛ: Одиме по титулата и во Купот!
СледноТомас Милер си оди од Баерн, изборот на новиот клуб навлече гнев кај “баварците“!