Лазаров: Добивме екстремно тешка група!

3154

Македонската ракометна репрезентација ќе има тешка задача на следното Европско првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Избраниците на Кирил Лазаров се најдоа во групата А, а ќе играат против Франција, Германија и Швајцарија.

Само првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната рунда. Ракометарите отвараат против Франција на 10. јануари на стадионот во Дизелдроф, четири дена подоцна ќе играат против Германија во Берлина, додека два дена подоцна се среќаваат со Швајцарија.

„Добивме екстремно тешка група. Ќе работиме напорно за да го дигнеме нашето ниво во периодот да можеме достоинствено да се бориме со светските велесили во ракометот. Ќе звучи нескромно да се биде оптимист во ваква група, но никогаш не треба да губивме надеж. Треба многу жртва и посветеност да направиме компетитивна нова репрезентација со комплетна промена на генерации. Верувам во момците и во тоа што го работиме“, изјави Лазаров по ждрепката. 

ПретходноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Лукаку на клупа, Милан вечерва без Леао
СледноАтанасијевиќ во Е. Пелистер до 2026 година