Марк Маркез викендов ќе се врати на патеката за Големата награда на Франција, откако лекарскиот тим, кој ја оперираше десната рака, му дозволи повторно да се трка. Операцијата беше неопходна поради падот на Маркез на првата трка во Португалија.
Маркез вчера беше прегледан, резултатите од скенерот се добри и утре ќе треба да ги помине прегледите на лекарската комисија во МотоГП, за да биде сигурен дека во петок ќе може да започне со слободните тренинзи.
Тој моментално е 19-ти во генералниот пласман, со 80 бода зад Франческо Бањаја.