На 93 години почина легендарниот Антонио Карбахал!

251

Мексико, но и фудбалскиот свет е завиен во црно. На 93 години почина легендарнот голман Антонио Карбахал. По кусо боледување откако беше пренесен во болница, тој си замина од овој свет.

Станува збор за првиот фудбалер кој играл на пет Мундијали во низа. Своето деби го имаше на СП во Бразил 1950, а потоа следуваа 1954 во Швајцарија, во 1958 во Шведска, во 1962 во Чиле и во 1966 во Англија.

Кабрахал го држеше рекордот се до 1998 година кога Лотар Матеус исто така по петти пат настапи на СП. После него истото тоа го направија. Рафаел Маркес, Андреас Квадрадо, Гиљермо Очоа, Кристијано Ронало и Лео Меси. Сите овие фидбалери, како и Кабрахал, имаат учества на по пет Мундијали во серија.

Од Мексиканецот се прости и ФИФА со пригодини зборови на своите социјални мрежи.

Претходно“Влегов во соблекувална и што да видам, Роналдо, Кака, Адриано, Р. Карлос, Кафу… им реков само….“
СледноСтанојоски и Михов со победи се вратија во водечката група