ПМФЛ: Шкендија прва ќе го поздрави новиот првак, Брегалница на мегдан со “пандевци“, а “пиратите“ на гости во Кавадарци

266

Денеска од 17 часот се играат сите пет натпревари од 32. или претпоследно коло во ПМФЛ. Битката за титулата заврши минатиот викенд, Струга ТЛ е нов шампион, па така денешнотоо дерби во Тетово каде се среќаваат Шкендија и Струга ТЛ ќе биде само за престиж и ништо повеќе.

Тоа значи дека токму Тетово како град прв ќе го поздрави новиот шампион.

На Чаир се игра скопското дерби меѓу Шкупи и Македонија ЃП, се разбира дека и овој меч ќе биде само за престиж, иако јасно е дека досегашниот шампион со победа ќе сака да остане на таа втора позиција додека „лавовите“ веќе се со мислите во финалето на Купот.

Брегалница дома игра со А. Пандев, која доаѓа без тренерот Александар Васоски кој во меѓувреме си замина од тимот, и мотивот на “сините“ е победа и прекинување на серијата порази. Струмичани пак сакаат да освојат барем бод и со тоа да го избегнат евентуалниот бараж за опстанок.

На пораз на А. Пандев се надева Скопје, тим кој гостува во Кавадарци и со евентуален триумф и пораз на “пандевци“ во Штип, ќе направи се да се решава, мислиме на баражот, во последното коло.

Силекс го дочекува Работнички, шанса за двете екипи да одиграат добар натпревар.

Во ова коло слободна е Победа која уште пред два кола го “визираше“ испаѓањето од елитата.

ДВОЈКИ ЗА 32.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

БРЕГАЛНИЦА – А.ПАНДЕВ

ТИКВЕШ – СКОПЈЕ

ПОБЕДА (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА: Струга 62, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, А. Пандев 26, Скопје 22, Победа 13…бодови

ПретходноТомас Милер си оди од Баерн, изборот на новиот клуб навлече гнев кај “баварците“!
СледноПознати се судиите за мечевите на Ф4 турнирот во Купот на Македонија!