Познати се судиите за мечевите на Ф4 турнирот во Купот на Македонија!

279

Денеска во просториите на РФМ со ждрепка беа одредени судиите за натпреварите во машка конкуренција на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Финалето во машка конкуренција, кое се игра во сабота од 18 часот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Полуфиналињата се играат утре. На натпреварот Е. Пелистер – Пролет паравдата ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а на второто полуфинале, во кое се среќаваат Алкалоид и Вардар 1961, судии ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Да кажеме и тоа дека завршницата од годинашниот Куп на Македонија во ракомет ќе се игра од 11 до 13 мај во салата “Билјанини Извори“ во Охрид.

ПретходноПМФЛ: Шкендија прва ќе го поздрави новиот првак, Брегалница на мегдан со “пандевци“, а “пиратите“ на гости во Кавадарци
Следно“Влегов во соблекувална и што да видам, Роналдо, Кака, Адриано, Р. Карлос, Кафу… им реков само….“