Познат е „возниот ред“ на ЕП: Македонија отвара против Франција!

284

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.

Нашите ракометари се најдоа во групата А, заедно со Франција, Германија и Швајцарија. Првите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната рунда.

Берлин ќе биде базата на Македонците, а македонската репрезентација првиот меч го игра на 10. јануари против Франција и тоа во Дизелдроф, на фудбалскиот стадионот пред 50.000 гледачи, четири дена подоцна е пресметката со Германија, додека последниот меч се игра на 16. јануари против Швајцарија.

10. јануари Франција – Македонија

14. јануари Македонија – Германија

16. јануари Македонија – Швајцарија

ПретходноРакометарите добија тешка група, Берлин ќе биде „базата“ на Македонците!
СледноШампионот со пресврт до триумф во Тетово