По цели 23 години Томас Милер има намера да си оди од Баер Минхен. Легендарниот напаѓач смета дека не му местото веќе на „Алијанц Арената“ и дека е време за заминување.
Во прилог на тоа говори и фактот дека тренерот Томас Тухел едноставно не смета на него за наредната сезона.
И до тука се е ок. Но следува нешто навистина што може да биде шокантно. Имено Милер, барем според медиумите во Германија, е во преговори со Борусија Дортмунд, вечниот ривал на клубот од Минхен.
Се разбира дека изборот на новиот клуб (ќе) навлече гнев кај фановите на “баварците“.