Шампионски насмевки во Струга ТЛ: Одиме по титулата и во Купот!

649

Од пред три дена Македонија има нов шампион, тоа е Струга ТЛ која ја освои првата своја титула, и на својот град покрај езерото му донесе многу радости. Атмосферата и натаму е славеничка, и со право ако се знае дека секој ден не се станува шампион.

Токму и затоа насмевките, како што се гледа од фотографијата на претседателот на клубот Арбтрим Ќира и тренерот Шпетим Дуро.

И двајцата не кријат дека завршена е голема, голема работа, но и дека Струга ТЛ нема намера тука да застане. Имено на 20 мај во Скопје се игра финалето во Купот на Македонија, ривал ќе биде тимот на Македонија ЃП.

Ете шанса за Струга ТЛ сезоната да ја заврши со уште една титула, тоа да биде двојна круна за историја на овој млад и амбициозен клуб кој постои само 8 години и ете, сега е нај, нај во Македонија.

ПретходноЗа малку тепачка: Јокиќ сакаше да го прислушкува договорот на Феникс, Дурент со жестока реакција! (ВИДЕО)
СледноЖдрепка за ЕП 2024: Ракометарите денеска ќе дознаат против кого и каде ќе играат!