Ѓорческа во четвртфиналето во Загреб, Србљак поразен во Србија

119

Лина Ѓорческа успеаа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Загреб кој се игра за награден фонд од 60.000 долари, откако денеска во тежок меч во три исцрпувачки сета славее над Британката Вотсон со 6:7, 6:4 и 7:6. Мечот траеше точно три часа, по што нашата најдобра тенисерка закажа четвртфинален дуел со Ела Зајдел од Германија, која место на турнирот обезбеди по успешно минатите квалификации.

Откако Калин Ивановски денеска успешно ја мина првата пречка на турнирот во Куршумлиска бања, вториот македонски преставник Горазд Србљак загуби уште на стартот. Србљак беше поразен во два сета од Аргентинецот Паз со 6:1 и 6:2.

ПретходноАтанасијевиќ во Е. Пелистер до 2026 година
СледноМаркез викендов се враќа на МотоГП трките