Oд Баер Леверкузен: Не го пуштаме Чаби Алонсо

208

Чаби Алонсо ќе продолжи да биде тренер на Баер Леверкузен и покрај тоа што за него има интерес од страна на водечки клубови во Европа, изјави спортскиот директор на германскиот клуб Зимон Ролфс.

Пред заминувањето на тимот за првиот полуфинален меч од Лига Европа против Рома во четврток, Ролфс кажа дека знае за интересот кон Алонсо но и дека „се спокојни околу таа тема“.

„Тој има договор и затоа сме спокојни. Во моментов работиме на тоа како можеме да го подобриме тимот за наредната сезона“, изјави Ролфес.

Поранешниот играч на Ливерпул, Баерн и Реал е на чело на Леверкузен од минатата есен со договор до 2024 година. Тој ги презеде „фармацевтите“ кога беа во опасната зона во Бундес лигата и ги однесе до шестото место и до полуфинале на ЛЕ.

„Сега сакаме да ја завршиме сезоната и да се обидеме да извлечеме максимум од натпреварите што ни останаа. Потоа доаѓа летна пауза, а тогаш ќе разговараме со Алонсо и да видиме кои се проблемите во тимот и да почнеме да ги решаваме“, додаде Ролфес.

 

ПретходноЛеао во Милан до 2028 година
СледноАнтиќ одбира за ЕП во Софија