OФИЦИЈАЛНО: Капитенот на Барселона објави дека си заминува

340

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Актуелниот договор на 34-годишниот халф истекува ова лето, а Чави сакаше тој да остане и понатаму, меѓутоа тоа нема да се случи затоа што фудбалерот одлучил да стави крај на кариерата на „Ноу Камп“.

Па така по 18 години поминати во Барселона, еден од најдобрите фудбалери си заминува:

Сè има свој почеток и крај. Одлуката не беше лесна, но мислам дека дојде време за тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои го овозможија тоа: клупските службеници, персоналот, физиотерапевтите, менаџерите, претседателите, тренерите, аналитичарите и особено моите колеги со кои споделив се. Ви благодарам!

  Сакам да им се заблагодарам и на навивачите ширум светот кои ми ја даваа својата поддршка и почит цело ова време. И секако, на моето семејство кое секогаш беше тука за мене и во добри и во лоши моменти, жртвувајќи многу за да биде со мене и да ме види среќен.

Се гледаме на последните натпревари. Да се ​​биде од Барса е најдоброто нешто што може да ти се случи“, рече Бускетс во својата емотивна изјава.

Се очекува Бускетс да замине во Саудиска Арабија и да настапува во некој од тамошните клубови.

ПретходноИвановски се пласира во осминафиналето во Коршумлиска бања
СледноПостојат 102 години, беа пред распад, а сега за првпат станаа шампиони на Полска!