Белингем му кажа „ДА“ на Реал Мадрид

1110

Ѕвездата на Борусија (Дортмунд) Џуд Белингем ја прифатил понудата на Реал Мадрид, откри трансфер експертот Фабрицио Романо. Англискиот интернационалец е задоволен од финансиските услови кои му се понудени и едвај чека зделката да стане факт.

Се очекува играчот од средниот ред да потпише договор до 2029 година со кралскиот клуб, а неговата плата ќе надмине 20 милиони евра годишно. Реал прави се што е можно побрзо да го финализира трансферот.

Шпанскиот клуб сигурно ќе треба да плати над 100 милиони евра за Белингем. Шефовите на Борусија инсистираат на 150 милиони, но во текот на преговорите сигурно ќе направат отстапки.

Според Билд, Белингем сè уште не ги информирал Ханс-Јоаким Ватцке и Себастијан Кел за неговата одлука да се пресели во Реал Мадрид.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: „Нероаѕурите“ го торпедираа Милан за 11 минути (ВИДЕО)
СледноЈуве ќе остане без бодови, но колку и кога ќе се знае на 22 мај