Гвардиола: Имам идеја што треба да направиме во реваншот! (ВИДЕО)

1328

Манчестер Сити синоќа на “Сантијаго Бернабеу“ не блескаше, но сепак се враќа дома со одлични 1:1. Резултат кој му гарантира дека има големи шанси во реваншот против актуелниот европски првак, тимот на Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на Шампионите.

За тоа како го видте мечот на “Бернабеу“ свој коментар има и Пеп Гвардиола, стратегот на Сити.
“Тешко е да се игра против Реал Мадрид во ЛШ. Тој клуб има искуство, има и квалитет. Кога бевме подобри тие постигнаа гол, кога тие беа подбри ние израмнивме. Беше тесно, имавме и добри моменти, но затоа во среда играме пред нашите фанови. Да кажам и тоа дека имам идеја како треба да одиграме, односно што треба да направиме во реваншот“ посочи покрај другото Пеп.

ПретходноСкандал: Таткото на Халанд исфрлен од ложата на “Бернабеу“! (ВИДЕО)
СледноЗа малку тепачка: Јокиќ сакаше да го прислушкува договорот на Феникс, Дурент со жестока реакција! (ВИДЕО)