Денеска во просториите на РФМ со ждрепка беа одредени судиите за натпреварите во машка конкуренција на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Финалето во машка конкуренција, кое се игра во сабота од 18 часот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Полуфиналињата се играат утре. На натпреварот Е. Пелистер – Пролет паравдата ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а на второто полуфинале, во кое се среќаваат Алкалоид и Вардар 1961, судии ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Да кажеме и тоа дека завршницата од годинашниот Куп на Македонија во ракомет ќе се игра од 11 до 13 мај во салата “Билјанини Извори“ во Охрид.