Ракометарите добија тешка група, Берлин ќе биде „базата“ на Македонците!

1073

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за Европското првенство 2024 година, кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров се најдоа во групата А, ќе играат против Франција, Германија и Швајцарија. Град домаќин на оваа група е Берлин.

Според системот за натпреварување, најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната рунда која ќе се игра во Хамбург и Келн, додека финалниот викенд ќе се игра во „Ланксес Арена“.

Група А (Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија.

Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија.

Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Ф.Острови.

Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, БиХ, Грузија.

Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

За Македонија ова ќе биде седмо по ред Европско првенство, вкупно деветто во историјата.

ПретходноШкендија со честитки за титулата на Струга Трим Лум
СледноПознат е „возниот ред“ на ЕП: Македонија отвара против Франција!