Скандал: Таткото на Халанд исфрлен од ложата на “Бернабеу“! (ВИДЕО)

3755

Ерлинг Халанд синоќа против Реал Мадрид го имаше веројатно најслабиот меч во дресот на Манчестер Сити. Едноставно ништо не направи, како тимот на Гвардиола да играше со играч помалку.

Но затоа Халанд сениор, односно таткото на Халанд, Алф-Инге Халанд имаше свое „шоу“ во ложата на “Сантијаго Бернабеу“ по што и беше исфрлен на почетокот на второто полувреме.

По довикувањата од страната на фановите на Реал, Алф-Инге веројатно со малку повеќе алкохол во себе, на непримерен начин се расправаше со нив. Имаше и покажување на “среден прст“ и други работи, едноставно скандалозно однесување од негова страна.

ПретходноПадна митот дека УЕФА му помага на Реал, уште еден доказ дека беше аут и дека голот на Сити е нерегуларен! (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Имам идеја што треба да направиме во реваншот! (ВИДЕО)