Шампионот со пресврт до триумф во Тетово

370

Сега веќе актуелниот шампион во ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум предмалку со пресврт и конечни 1:2 славеше на гостувњето кај Шкендија во Тетово.

Иако домашните успеаа во 58. минута преку Шала да поведе со 1:0, сепак, тоа не само што не беше доволно за поволен резултат туку гостите направија вистински пресврт.

Предводник на истиот е Буњамин Шабани кој најпрво на асистенција на Радески успева да израмни на 1:1, во 79. минута, а потоа во 84. со одмерен удар од косо и да и донесе на Струга ТЛ голема победа против силниот противник.

Тимот на Шкупи пак со двата гола на Сандеј Адетунџи, односно Али Адем со 3:0 на Чаир славеше против Македонија ЃП. Во типичен меч во кој домаќинот доминираше, во водство се дојде во финишот на првиот дел, а во 70 минута веќе беше се готово.

Силекс пак со головите на Марко Ѓоргиевски односно Давид Манасиевски уште во првиот дел дојде до победа над Работнички со 2:0, додека пак во Штип, иако домашната Брегалница преку Додев стигна до водство против Академија Пандев, сепак,Трајков беше тој кој што на гостите им донесе злато вреден бод во обидот да опстанат сезонава.

Конечно, во Кавадарци, Тиквеш по оние 0:0 на полувреме, во вториот дел, „распали“ против Скопје, па со головите Ивановски, два на Спахиу, и Мирковиќ  на стигна до висок триумф од 4:0.

ПретходноПознат е „возниот ред“ на ЕП: Македонија отвара против Франција!
СледноБаскет КАМ води со 2:0 против Бадел