На 22 мај, италијанското спортско правосудство ќе ја преиспита казната за одземање на 15 бода на фудбалскиот клуб Јувентус поради наводната сметководствена измама. Во јануари, Апелациониот суд му одзеде 15 бода на Јувентус, откако клубот беше прогласен за виновен за незаконско остварување капитална добивка при трансфер на играчи и „фингирани финанскиски книги“, но по жалбата казната беше стопирана на 20 април и „Старата Дама си ги доби поени назад.
Сега случајот е вратен на нова проценка до Федералниот апелационен суд, бидејќи се бараат појаснувања и измени врз основа на нови докази и се очекува намалување на казната. Како што пренесуваат италијанските медиуми, казната за одземање бодови е извесна и најверојатно ќе изнесува девет бода, колку што првично бараше Здружението.
Сега главното прашање е дали казната ќе се применува оваа сезона или ќе се одложи за следната 2023/2024 година.