Калин со пласман во 1/4 финалето на турнир во Србија!

81

Добар настап и пласман во четврфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлиска Бања за нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски. Тој денеска во 1/8 финалето со 2:1 во сетови успеа да го победи Тим Легу. Сепак не беше баш така лесно за Калин денеска ако се знае дека првиот сет го загуби со 2:6. Сепак во вториот сет Калин одигра на повисоко ниво и успеа да го добие со 6:1, додека во третиот успеа да дојде до чисти и доминантни 6:0.

Па така со вкупни 2:1 во сетови нашиот тенисер оди во следната фаза на овој турнир.

ПретходноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Игор Иванов ќе го суди дербито во Струга
СледноКупот на Македонија без ЖРК Металург