Не само што тимот на ЖРК Металург поради неисплатени плати не го одигра последниот дуел од домашниот шампионат против тимот на Чаир поради неисплатени плати, поради истата причина, овој тим се откажа и од учевство на завршниот Куп турнир кој од денеска до сабота ќе се одигра во Охрид во салата Билјанини извори.
Според програмата ЖРК Металург утре требаше да се сретне во полуфиналето против ЖРК Куманово.
Вториот финалист ќе биде познат по дуелот меѓу ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Вардар натпревар кој на програмата е утре