Вечерва на програмата се првите мечеви двете полуфиналиња во Лигата на Европа. Во Торино, тимот на Јувентус се среќава со Севиља, додека во Рим на “Олимпико“, Рома го дочекува тимот на Баер Леверкузен.
Дали е можно италијанско финале во Будимпешта во ова натпреварување ќе дознаеме за седум дена кога се играат реваншите.
Јуве по сите перипетии кои ги има сезонава јасно е дека “мелем на рака“ ќе дојде тоа финале и освојување на пехарот, иако се знае дека Севиља е “специјалист“ за Лигата на Европа.
По ланскиот триумф во Лигата на Конференции, Рома и Жозе Мурињо посакуваат уште едно финале, но затоа да го добијат ќе мора да го совладаат, во двата меча, незгодниот германски тим од Леверкузен.
Во секој случај ќе биде интересно.
ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА – 21:00 Ч
РОМА – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
ЈУВЕНТУС – СЕВИЉА
*Реваншите се играат на 18 мај