Барселона со +7 се враќа од гостувањето кај ГОГ и веќе гледа кон Ф4

104

Ракометарите на Барселона со голема предност се враќаат од Данска каде вечерва го совладаа домашниот ГОГ со 30:37 во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Каталонците беа фаворит и пред почетокот на мечот, а доминацијата ја потврдија во сите 60 минути на ова гостување.

Гостите не дозволија домашниот тим во ниту еден период од мечот да им се закани. Поведоа уште од стартот со еден од два гола разлика, која до полувремето веќе изнесуваше и +4 (15:19).

Ништо не се промени ниту во вториот дел. Напротив, Барселона ја зголемуваше предноста која во еден момент дојде и на највисоки +8 (22:30).До крајот само рутински го приведе мечот до убедлив триумф кој најавува место на Ф4 турнирот.

Лука Циндриќ брилјираше со 9 постигнати гола за Барселона.

ПретходноЛазаров: Поразот од Вардар нека биде лекција и за играчите и за мене
СледноКореецот за лудилото во Неапол: Ми станува непријатно, во рестораните не ми даваат да платам!