Веспрем и Келце одиграа нерешено, одлуката за патникот на Ф4 ќе падне во Полска

82

Ракометарите на Т. Веспрем и Келце одиграа нерешено 29:29 во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Дуелот на два големи фаворити и за највисок пласман мина во израмнета борба до самиот крај, иако по едно полувреме им припадна на двата тима.

Полјаците беа првата половина кога на пауза заминаа со предност од 3 гола (13:16), за во вториот дел Т. Веспрем да се врати во ритам и да дојде до нерешен резултат, кој ги истава шансите на реваншот да се надеваат на Ф4 турнирот.

Ел Дера со 6 гола беше најефикасен кај домашните, додека Ремили и Штрлек погодијапо петпати. Кај екипата на Келце најефикасен беше Алекс Дујшебаев со 6 гола.

ПретходноБелорускиот шампион доби жестока казна и остана без титулата
СледноДимитријевиќ асистираше за голема победа на Уникс Казан во третиот финален меч