Димитријевиќ асистираше за голема победа на Уникс Казан во третиот финален меч

351

Уште една одлична партија на нашиот Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс казан во финалната серија од ВТБ плеј-офот во Русија. Во третиот финален меч екипата на Уникс Казан како гостин славеше во Краснодар против екипата на Локомотив Кубан со 81:82 и поведе со 2:1 во серијата.

Натпреварот се одвиваше во тензична борба до самиот крај, а победникот беше решен во последните секунди по една одлична асистенција на Димитријевиќ и поени за Најт кој на 8 секунди пред крајот го постави конечниот резултат.

Димитријевиќ постигна 13 поени со 6 асистенции и 4 скока, додека најефикасен беше Џејлен Барфорд, кој во дресот на Локомотив постигна 20 поени.

Следниот натпревар екипите ќе го одиграат на 13 мај.

ПретходноВеспрем и Келце одиграа нерешено, одлуката за патникот на Ф4 ќе падне во Полска
СледноЧави го повика Хуанда во првиот тим, момче кое постигнало 103 гола во една сезона