Кореецот за лудилото во Неапол: Ми станува непријатно, во рестораните не ми даваат да платам!

5807

Ким Мин-Јае ја имаше најдобрата сезона во својата кариера, стигнувајќи до Скудетото во Италија во дресот на Наполи. Јужнокореецот вели дека се уште не може да се „опорави“ од она што го доживеа во Неапол овие денови додека се прославува титулата насекаде.

„Навистина сум среќен што го освоив Скудетото. Се сомневам дека во иднина ќе можам повторно да ги доживеам овие сцени и не знам дали некогаш повторно ќе доживеам ваква прослава во животот. Тоа беше сосема ново искуство за мене. Сите прославим, пеење, танцување, скокање наоколу. Тоа е нешто што не сум го доживеал“, вели 26-годишниот стопер.

Азиецот кој ја освои Италија со своите одлични настапи, вели дека најмногу му е непријатно кога сопствениците на рестораните и баровите каде што руча или вечера не му даваат да си ја плати сметката.

„Морам да признаам дека понекогаш ми е малку непријатно кога излегувам затоа што сакам да платам со мои пари она што го нарачувам, но сопствениците не оставаат и велат дека се е на трошок на куќата. Некогаш кога ќе решат да ми наплатат, ми наплаќаат по половина цена од она што е напишано во менито. Не знам како да реагирам, можам само да им се заблагодарам“, вели Мин-Јае во интервју за кореските медиуми.

ПретходноБарселона со +7 се враќа од гостувањето кај ГОГ и веќе гледа кон Ф4
СледноКЛ: Вест Хем и Базел приредија два големи пресврти во првите полуфинални дуели (ВИДЕО)