Кошаркарите на Партизан загубија голема предност против Реал Мадрид во четвртфиналната серија од Евролигата и не успеаја да се пласираат за завршницата. Партизан имаше 2:0 во серијата од три победи, а потоа +18 во третата четвртина од петтиот натпревар и сето тоа се покажа како премалку за пласман на фајналфор.
Реал со чудесен пресврт славеше пред својата публика со 98:94 во клучниот натпревар и ќе игра против Барселона за финалето во Евролигата.
За Партизан европскиот дел од сезоната заврши на болен начин, а најверните навивачи се обидоа да му ја избришат тагата по пристигнувањето во Белград.
Голем број од нив се собраа на аеродромот „Никола Тесла“, каде играчите при слетувањето беа пречекани со овации, песни, овации и еуфорија. Српските медиуми го нагласуваат топлиот пречек и солзите на Матијас Лесор. Партизан на своите социјални мрежи објави видео за добредојде.
LJUBAV PREMA KLUBU, NE MOŽE DA PRESTANE!
HVALA GROBARI!🙌🏽🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague @EuroLeague pic.twitter.com/QRL3AXmdTl
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) May 11, 2023