Куп на Македонија: Пелистер прв финалист!

136

Пелистер ја оправда фаворитската улога на првото полуфинале во Купот на Македонија. Битолчани имаа среќна ждрепка, па лесно го решија дуелот со Пролет, славеа со 28-21 и заверија финале, а таму за противник ќе го имаат подобриот од Вардар – Алкалоид.

Во таборот на Пелистер се штедеа сили, не се форсираа главните носители на играта, но и во една ваква ситуација, овој тим беше пресилен за скопскиот тим. Името на победникот беше решен по првото полувреме, по кое условно кажано домаќинот имаше предност од седум гола (17-10). Битолчани отворија со 7-3, воеда и со 12-7.

Второто полувреме беше чиста формалност, Пролет се обидуваше да одигра добар меч, додека на другата страна Пелистер „нагазуваше“ онолку колку што беше потребно.

Кузманоски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, пет имаше Костески, четири запиша Павле Атанасијевиќ. На другата страна Палевски имаше шест гола.

Второто полуфинале меѓу Алкалоид и Вардар 1961 е закажно со почеток во 20 часот.

ПретходноКоментар на 32.коло: Дербито под Шара покажа кој е кој, Шкупи остана без најдобриот!
СледноMилан остана без уште еден важен фудбалер во финишот на сезоната