Лазаров: Поразот од Вардар нека биде лекција и за играчите и за мене

3307

По поразот на денешниот полуфинален меч од Купот на Македонија од екипата на Вардар, селекторот на македонската репрезентација и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров потенцираше дека не е задоволен од начинот на кој беше одигран мечот, особено првиот дел.

„Вардар заслужено победи, ние натпреварот го загубивме уште во првото полувреме. Имаме повеќе од 20 промашен шутеви од кои 90% зицери, а Томовски беше перфектен на голот. Против една ваква екипа на Вардар тоа сигурно не може да помине. Имаме еден млад тим со македонски ракометари, и создаваме проект за иднина низ кој треба да созреваме и како индивидуалци и како тим. Тешко е да се работи со млади ракометари, кои после едно изненадување како што го направивме тоа против Вардар во првенството, тешко е да ги вратиш во вистински натпреварувачки ритам и психолошки да одговорат на еден тим како Вардар. Ова е лекција, секако и за мене, и за нашите млади играчи“, вели Лазаров.

ПретходноБарселона со демант: Не сме казнети за нерегуларности при исплата на играчите
СледноБарселона со +7 се враќа од гостувањето кај ГОГ и веќе гледа кон Ф4